Бан Ки-мун: Сирија се распаѓа

Од:

Генералниот секретар на Обединетите нации Бан Ки-мун изјави дека Сирија се распаѓа и упати повик до меѓународната заедница да ја поддржи американско-руската иицијатива за преговори меѓу режимот и опозицијата.

Бан истакна дека конфликтот има длабоки политички корени и нема да биде решен со воени средства, се додека страните во него и некои нивни поддржувачи не ја отфрлат можноста дека военото решение е можно.

– Сирија се распаѓа пред наши очи. Хаосот создава поволна почва за радикализмот и се повеќе и се заканува на регионалната стабилност, рече Бан во порака до средбата во Техеран, посветена на Сирија.

– Ги повикувам сите земји да го искористат своето влијание за да придонесат за пресекување на доставките на оружје и да ги убедат странските групи да ги повлечат своите борци од Сирија, додаде генералниот секретар на ОН.

Тој пред новинарите во Њујорк изјави дека САД, Русија и ОН се уште не успеваат да решат серија проблеми, поврзани со идната меѓународна конференција за Сирија, меѓу кои е и закажувањето на датумот за неа. Иницијативата за таквата конференција беше поднесена на почетокот на мај од државниот секретар на САД Џон Кери и рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров.

– Се водат активни консултации меѓу ОН, САД и Русија, но има многу елементи, кои треба да се дефинираат, рече Бан и додаде дека се уште не е определен взамено прифатлив датум за настанот.

Другите прашања за кои се уште нема согласност се и листата на учесници и кој треба да ја претставува сириската опозиција на конференцијата.

Би можело да ве интересира

Најмалку пет ракети истрелани од Ирак кон американската воена база во Сирија

ВИДЕО: Експлозија на пазар во Сирија, најмалку седуммина мртви и 30 повредени

Полјански: Труењето со осиромашен ураниум ќе прогонува 60 идни генерации на Балканот

Израел нападна сириски град, 38 загинати

Советот за безбедност на ОН не ја усвои американската резолуција со која се бара итен прекин на огнот во Газа

ВИДЕО: Израел го нападна Дамаск