Генералниот секретар на ОН Бан Ки-мун пристигна денеска во ненајавена посета на либиската престолнина Триполи, соопшти мисијата на меѓународната организација во Либија.
Во луксузен хотел во градот Бан ќе разговара со високи либиски претставници, додаде мисијата на ОН во Либија.