Бан Ки-мун предупреди за новите закани по мирот

Од:

Напорите на светската организација за зачувување на мирот во светот се исправаат пред се поголеми опасности од нетрадиционалните закани, како што се самоубиствените атентати и рачно изработени експлозивни направи, изјави генералниот секретар на ОН Бан Ки-мун, цитиран од американските медиуми.

Бан, кој ја посети тренинг базата за мировни сили во близина на Пекинг, пред репортерите изјави дека ОН треба да направат се за мировниците да располагаат со неопходната обука и специјалистички вештини, за да им се спротивстават на новите закани.

Според него, мировниците треба брзо да реагираат и да собираат и анализираат информации за одалечени региони.

Генералниот секретар изјави дека за да се обезбедат овие можности, ОН за прв пат испраќа беспилотни авиони во рамки на својата мисија во Демократска република Конго.

Бан, исто така, го пофали ангажманот на Кина кон напорите за зачувување на мирот. Пекинг во 23 светски мисии има испратено 22.000 војници, што е повеќе од другите постојани членки на Советот за безбедност на ОН земени заедно, забележаа американските медиуми.

Би можело да ве интересира

Полјански: Труењето со осиромашен ураниум ќе прогонува 60 идни генерации на Балканот

Советот за безбедност на ОН не ја усвои американската резолуција со која се бара итен прекин на огнот во Газа

Од почетокот на војната речиси 20.000 деца се родиле во пеколот на Газа

А1он

ОН: Газа станува гробница на луѓето заробени меѓу војната, опсадата и сиромаштијата

ОН: Израелската опсада на Газа и наредбата за евакуација може да претставуваат меѓународно злосторство

Нови тајни документи: САД го шпионирале шефот на ОН, неговите разговори беа објавени

Ана Ололовска