Бан Ки-мун повика на прекин на поддршката на насилствата во Сирија

Од:

Генералниот секретар на Обединетите нации Бан Ки-мун денеска изрази загриженост поради ескалација на насилствата и бројот на жртвите во Сирија.

Канцеларијат на Генералниот секретар на ОН ги повика и сите страни во вооружениот конфликт да ги почитуваат обврските што произлегуваат од меѓународното право.

Предупредувајќи на зголеменото учество на Хезболах во судирите во Сирија и опасноста судирите да се прелеат во соседен Либан, Бан истакна дека е неопходно сите страни вклучени во судирите во Сирија да ги почитуваат обврските и да работат на решавање на ситуацијата.

Бан повторно изрази противење на странска воена интервенција во Сирија, нагласувајќи дека сите земји мора да го почитуваат интегритетот и суверенитетот на Сирија и нејзините соседи.

Генералниот секретар на ОН, исто така, нагласи дека подготовките на Меѓународната конференција за Сирија се во тек и ги повика сите субјекти да ја прекинат поддршката во Сирија и своите напори да ги фокусираат кон политичко решение на кризата во земјата.

Тој особено го истакна значењето на напорите за спречување прелевање на кризата во соседните земји и ги повика либанските лидери да останат надвор од конфликтот.

Би можело да ве интересира

Најмалку пет ракети истрелани од Ирак кон американската воена база во Сирија

ВИДЕО: Експлозија на пазар во Сирија, најмалку седуммина мртви и 30 повредени

Полјански: Труењето со осиромашен ураниум ќе прогонува 60 идни генерации на Балканот

Израел нападна сириски град, 38 загинати

Советот за безбедност на ОН не ја усвои американската резолуција со која се бара итен прекин на огнот во Газа

ВИДЕО: Израел го нападна Дамаск