Бан Ки-мун побара од арапските земји да не испорачуваат оружје во Сирија

Од:

Генералниот секретар на ОН Бан Ки-мун ги повика Катар и другите арапски држави да прекинат со испорака на оружје за која било од страните во конфликтот во Сирија.

Портпаролот на ОН Мартин Несирки истакна дека Бан го упатил повикот за време на средбата со генералниот секретар на Арапската лига Набил ел Араби и катарскиот премиер Хамид бин Џасем ал Тани.

Бан пред своите соговорници нагласил дека „повеќе оружје би претставувало повеќе жртви и материјална штета“.

Тој исто така ja потенцирал и катастрофалната хуманитарна криза во Сирија, каде една третина од населението има потреба од специјална помош, при што побарал од земјите-донатори да издвојат пари за хуманитарните напори на ОН.

Би можело да ве интересира

Најмалку пет ракети истрелани од Ирак кон американската воена база во Сирија

ВИДЕО: Експлозија на пазар во Сирија, најмалку седуммина мртви и 30 повредени

Полјански: Труењето со осиромашен ураниум ќе прогонува 60 идни генерации на Балканот

Израел нападна сириски град, 38 загинати

Советот за безбедност на ОН не ја усвои американската резолуција со која се бара итен прекин на огнот во Газа

ВИДЕО: Израел го нападна Дамаск