Бан Ки-мун остро го критикуваше сирискиот претседател

Од:

Генералниот секретар на ОН Бан Ки-мун остро го критикуваше сирискиот претседател Башар Асад што користи терористи како оправдување за убивање цивили и гранатирање села.

Бан Ки-мун рече дека сириската криза не почнала поради тероризам и поради тоа што Асад продолжил да го убива сопствениот народ, во метежот  сега тоа го искористиле терористички елементи.

– Тој одамна можеше да го запре насилството и да започне политички дијалог. Меѓутоа, тој продолжи со убивање… и поради тоа народот, фрустриран и гневен, се бори против сопствената Влада, рече Бан.

Генералниот секретар го поздрави предлогот на опозицискиот лидер Муаз ал-Хатиб да започнат внатрешни преговори и изрази надеж дека на нив ќе се согласат сириските власти.

Би можело да ве интересира

Најмалку пет ракети истрелани од Ирак кон американската воена база во Сирија

ВИДЕО: Експлозија на пазар во Сирија, најмалку седуммина мртви и 30 повредени

Полјански: Труењето со осиромашен ураниум ќе прогонува 60 идни генерации на Балканот

Израел нападна сириски град, 38 загинати

Советот за безбедност на ОН не ја усвои американската резолуција со која се бара итен прекин на огнот во Газа

ВИДЕО: Израел го нападна Дамаск