Бан Ки-мун: Мировната конференција „Женева-2“ ќе се одржи во средината на ноември

Од:

Мировната конференција „Женева-2“ ќе се одржи во средината на ноември, за да се обиде да го постави почетокот на политичкиот преод во Сирија, потврди генералниот секретар на ОН, Бан Ки-мун.

-Си ставивме за цел конференцијата да се одржи во средината на ноември, соопшти тој на почетокот на заседанието на Советот за безбедност на ОН за усвојување на резолуција за елиминирање на сирискиот хемиски арсенал.

Во октомври ќе почнат контактите за подготовка на конференцијата и посредникот на ОН за Сирија, Лахдар Брахими, на крајот на месецот ќе извести за подготовката.

„Женева-2“ во принцип треба да ги собере делегациите на сирисикиот режим и опозицијата, за да се обиде да постигне заедничка спогодба за преодна влада во меѓупериодот кон слободни избори.

Свикувањето на конференцијата беше одложувано неколку пати поради разногласијата околу нејзините цели и учесниците.

Сириската влада има цврста намера да учествува на мировната конференција во Женева, која има за цел прекин на граѓанската војна во Сирија, потврди сирискиот постојан претставник во ОН, Башар Џаафари, цитиран од британските медиуми.

По усвојувањето на резолуцијата на СБ на ОН за елиминирање на сириските хемиски арсенали, тој реагираше дека земјите кои ги поддржуваат сириските бунтовници: Турција, Саудиска Арабија, Катар, Франција и САД, исто така, треба да ја почитуваат.

Би можело да ве интересира

Полјански: Труењето со осиромашен ураниум ќе прогонува 60 идни генерации на Балканот

Советот за безбедност на ОН не ја усвои американската резолуција со која се бара итен прекин на огнот во Газа

Од почетокот на војната речиси 20.000 деца се родиле во пеколот на Газа

А1он

ОН: Газа станува гробница на луѓето заробени меѓу војната, опсадата и сиромаштијата

ОН: Израелската опсада на Газа и наредбата за евакуација може да претставуваат меѓународно злосторство

Нови тајни документи: САД го шпионирале шефот на ОН, неговите разговори беа објавени

Ана Ололовска