Бан Ки-мун: Кршењето човекови права во Сирија како и воено злосторство

Од:

Генералниот секретар на ОН, Бан Ки-мун изјави дека сака дискусија за подигнување обвинение против претседателот на Сирија Башар ал Асад.

Во интервју за виенскиот неделник Профил, тој вели дека „постојат голем број случаи на кршење на човекови права во Сирија“ со исто значење како и воени злосторства.

– Мојата комесарка за човекови права Нави Пилај објасни дека тој случај ќе биде пред Меѓународниот кривичен суд. Јас поддржувам дискусија на таа тема, изјави Бан додавајќи дека кршењето на човекови права во Сирија може да бидат третирани како воени злостоства и злосторства против човештвото.

Бан предупредува и за вооружувањето на бунтовниците, на што укажуваат западни држави.

– Ако оружјето дојде во раце на страни во конфликтот, се продолжува воената конфронтација и тоа води кон повеќе жртви, објаснува Бан.

Би можело да ве интересира

Сирија собори израелски проектили истрелани кон предградијата на Дамаск

Горан Наумовски

Најмалку пет ракети истрелани од Ирак кон американската воена база во Сирија

ВИДЕО: Експлозија на пазар во Сирија, најмалку седуммина мртви и 30 повредени

Полјански: Труењето со осиромашен ураниум ќе прогонува 60 идни генерации на Балканот

Израел нападна сириски град, 38 загинати

Советот за безбедност на ОН не ја усвои американската резолуција со која се бара итен прекин на огнот во Газа