Генералниот секретар на ОН Бан ки мун повика Северна Кореја да не извршува уште една нуклеарна проба и да направи повеќе за благосостојба на своите граѓани соочени со тешка хуманитарна ситуација.
Тој изјави дека ОН се обидуваат да испратат хуманитарна помош во Северна Кореја, но можно е да биде слаб одзивот на меѓународната заедница заради кризата околу можната нуклеарна проба и тензиите на Корејскиот полуостров.
– Јас само се надевам и силно апелирам до властите во Северна Кореја да ги слушнат апелите и барањата на меѓународната заедница и да ги почитуваат резолуциите на СБ и да направат повеќе за благосостојба на своите жители, изјави тој.
Северна Кореја минатиот месец соопшти дека ќе изврши нуклеарна проба во знак на протести поради санкциите на СБ на ОН кои се заострени по лансирањето сателит за кој САД и други држави сметаат дека е прикриена проба за забранети ракетни технологии.