Бан Ки-мун ја откажа посетата на Западна Африка

Од:

Генералниот секретар на ОН Бан Ки-мун одлучи да ја откаже планираната посета за крајот на октомври во земјите од Западна Африка со епидемија на ебола, „за да не пречи на напорите за борба против болеста“, изјави вчера претставникот на Бан, Стефан Дужарик.

Тој додаде дека генералниот секретар на светската организација ќе ги посети овие земји во „соодветно време“.

Бан Ки-мун планираше да пристигне во регионот на 31 октомври и да ги посети Гвинеја, Либерија и Сиера Леоне, за да демонстрира солидарност со народите на трите земји, кои најсилно настрадаа од епидемијата.

Во неделата во Западна Африка пристигна амбасадорот на САД во ОН Саманта Пауер, за да ја покаже поддршката на САД на засегнатите земји од еболата и за нивните напори во борбата со смртоносниот вирус.

Австралија соопшти дека запира издавање хуманитарни и имиграциски визи за жители на земјите од Западна Африка, каде бранува еболата, за да не дозволи смртоносниот вирус да достигне на нејзина територија.

Во Јапонија Владата соопшти дека создава штаб за борба против ширење на еболата и информативен центар.

Би можело да ве интересира

Полјански: Труењето со осиромашен ураниум ќе прогонува 60 идни генерации на Балканот

Советот за безбедност на ОН не ја усвои американската резолуција со која се бара итен прекин на огнот во Газа

Од почетокот на војната речиси 20.000 деца се родиле во пеколот на Газа

А1он

Се повеќе Европејци имаат необични миленици, издадено е предупредување дека се опасни

А1он

ОН: Газа станува гробница на луѓето заробени меѓу војната, опсадата и сиромаштијата

ОН: Израелската опсада на Газа и наредбата за евакуација може да претставуваат меѓународно злосторство