Генералниот секретар на ОН Бан Ки-мун денеска изрази загриженост во врска со истреланите од страна на Северна Кореја три ракети со мал досег, пренесоа руските медиуми.
Бан Ки-мун денеска во Москва изјави дека е време Северна Кореја да преземе напори за намалување на напрегнатоста на Корејскиот полуостров, а светската организација е подготвена да му помогне на Пјонгјанг во тоа.
Генералниот секретар, исто така, изрази надеж дека во иднина Северна Кореја ќе се воздржува од вакви активности.
Бан, во интервјуза руски медиум, вчерашното истрелување на трите ракети со мал досег го нарече „провокативни дејствија“ и го повика Пјонгјанг да се врати на преговарачката маса за нуклеарното прашање со светските сили, пренесоа агенциите.