Бан: Итен прекин на огнот по ужасната акција во Газа

Од:

Советот за безбедност на ОН повика на итно примирје во Газа по итниот состанок зад затворени врати, по најкрвавиот ден од почетокот на копнената офанзива на израелската армија, во која загинаа над 100 Палестинци и 13 израелски војници.

Во текот на две недели на воениот судир меѓу Израел и исламистичките сили на Хамас загинале повеќе од 400 лица, најмногу цивилно население.

Генералниот секретар на Обединетите нации, Бан Ки-Мун, кој се наоѓа во посета на Блискиот Исток, со намера да изнајден мировен план за Газа, ја осуди „ужасната акција“ и повика на итен прекин на огнот.

„Израел мора да покаже максимална воздржаност и да направи многу повеќе за заштита на цивилите“, рекол Бан, нагласувајќи дека мора да се почитува хуманитарното право. Денеска во Египет пристигнува американскиот државен секретар Џон Кери во мисија за изнаоѓање посредник меѓу завојуваните страни во појасот Газа.

Би можело да ве интересира

Претседателскиот кандидат Џил Стајн е уапсена на протест против војната во Газа

Абас: Израелската армија ќе го нападне Рафах во наредните денови

Горан Наумовски

ВИДЕО: Израелци палат возило, војската ги чува

Предраг Петровиќ

Дејвид Камерон: Поддршката на Велика Британија за Израел зависи од почитувањето на меѓународното право

САД: Револтирани сме од израелскиот напад во кој беа убиени хуманитарни работници

Израел уби седум хуманитарци, Нетанјаху тврди: Беше ненамерно