Бан и Брахими вознемирени од насилствата во Сирија

Од:

Генералниот секретар на Обединетите нации, Бан Ки-мун и специјалниот претставник на Он и на Арапската лига за Сирија Лахдар Брахими по синоќешната средба во Њујорк изјавија дека се вознемирени од насилствата во земјата.

– Двајцата изразија длабоко разочарување од убиствата и разурнавањата од страна на владата и на опозицијата, поддржани од надворешни сили, кои им доставуваат оружје на двете страни, се истакнува во соопштението на ОН.

Бан и Брахими наведоа и дека се разочарани „од недостигот на единствен меѓународен став за Сирија, кој би можел да доведе до промени во Сирија, како што беше договорено во Женева во јуни минатата година и да се стави крај на ужасните страдања на сирискиот народ“.

Над 60.000 луѓе загинаа од почетокот на бунтот против сирискиот претседатал Башар ал Асад.

Би можело да ве интересира

Сирија собори израелски проектили истрелани кон предградијата на Дамаск

Горан Наумовски

Најмалку пет ракети истрелани од Ирак кон американската воена база во Сирија

ВИДЕО: Експлозија на пазар во Сирија, најмалку седуммина мртви и 30 повредени

Израел нападна сириски град, 38 загинати

ВИДЕО: Израел го нападна Дамаск

Британски специјалци под истрага за воени злосторства во Сирија

Катерина Ѓуровски