Генералниот секретар на Обединетите нации Бан Ки-мун упати вчера предизвик до владите на сите земји во светот да си постават за цел постигнувањето на еднаквност меѓу мажите и жените до 2030 година.
Бан нагласи дека клучот е во тоа мажите да го сменат начинот на размислување.
Две децении откако на конференцијата на ОН 189 земји ја усвоија платформата за остигнување на еднаквост Бан изјави дека напредоот е премногу спор и предупреди дека тоа што е постигнато не е неповратно.
– Нашата цел мора да биде 50:50 до 2030 година, нагласи Бан на отварањето на седницата на Комисијата на ОН за статусот на жените, на која се разгледува напредокот кон родова рамноправност од конференцијата во Пекинг 1995 година.