Бајден: Трамп води сурова здравствена политика

Од:

Демократскиот кандидат за американски претседател Џо Бајден го осуди актуелниот претседателот Доналд Трамп за неговите напори да го укине Обамакер, обвинувајќи ги републиканците за загрозување на достапноста до здравствената заштита на милиони Американци среде пандемијата на коронавирусот, пренесе Хина.

Во говорот во сојузната држава Пенсилванија, Бајден ја критикуваше администрацијата на Трамп за најавеното поднесување барање до Врховниот суд за прогласување за нелегален на Законот за здравствено осигурување, познат како Обамакер.

Овој закон е едно од најголемите достигнувања од времето кога Бајден беше потпретседател на Обама.

-Тоа е сурово, безобразно и бесчувствително, рече Бајден, додавајќи дека укинувањето на законот ќе ги присили семејствата „да го живеат животот фатен меѓу двете постигнувања на Трамп: неуспехот да се заштитат Американците од коронавирусот и бездушната крстоносна војна да се укине здравствената заштита“.

Бајден, кој поради пандемијата на коронавирусот, од март поголемиот дел од времето го мина во својот дом во Делавер, сега полека ги продолжува своите предизборни активности.

Трамп, со кого Бајден ќе се соочи на изборите на 3 ноември, вчера отпатува за Висконсин, уште една држава со променлива поддршка на гласачите, каде се очекува да зборува за полициските реформи и производство.

Неодамнешните анкети покажуваат дека Трамп заостанува зад Бајден и во двете држави, а во средата бројот на нови инфекции низ целата земја беше приближно до рекордното ниво.

Претседателот вели дека неговата одлука за ограничување на патувањата и почитување на социјалната дистанца помогнала во борбата против коронавирусот, но САД имаат најмногу случаи на инфекција со коронавирус и најмногу смртни случаи во светот.

Би можело да ве интересира

САД: Судири на пропалестински протести, приведени околу 300 студенти

Земјотрес со јачина од 4,1 степени според Рихтер го погоди Лос Анџелес

(ВИДЕО) Полицијата во САД усмрти ученик пред училиште откако доби информација дека има пиштол

Хамас: САД вршат притисок да го прифатиме договорот со Израел

А1он

Вучиќ за негодувањето на САД што нови министри се на американската црна листа: Тоа е изборот на граѓаните на Србија

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Студентите на пропалестинските протести во Тексас се судрија со полицијата

Катерина Ѓуровски