Бајден: Талибанците минуваат низ егзистенцијална криза и не сакаат меѓународно признавање

Од:

Талибанците мора да одлучат дали сакаат да бидат признаени од меѓународната заедница, изјави американскиот претседател Џо Бајден во денешното интервју за телевизијата Еј-Би-Си, додавајќи дека не мисли дека групата ги променила своите основни уверувања.

На прашањето дали мисли дека талибанците се промениле, Бајден кусо кажа -„не“.

-Мислам дека тие минуваат низ некаква егзистенцијална криза: Дали сакаат меѓународната заедница да ги признае како легитимна влада? Не сум сигурен дека го сакаат тоа, рече Бајден.

Тој додаде дека му се чини дека групата е посветена на своите уверувања.

Во интервјуто за телевизијата Бајден забележа дека заканата од Ал Каеда и нејзините поврзани организации е „поголема во другите делови на светот отколку во Авганистан“, додавајќи дека не е рационално да се игнорираат проблемите што „ги претставуваат филијалите на Ал Каеда во Сирија или Источна Африка … каде заканата за САД е значително поголема”.

-Треба да се фокусираме на тоа каде е најголемата закана, додаде Бајден во одбрана на повлекувањето на американските војници од Авганистан.

Тој, исто така, ја отфрли загриженоста за третманот на жените и девојките во земјата, тврдејќи дека не е рационално да се обидувате да ги заштитите правата на жените ширум светот преку воена сила. Место тоа, треба да го сторите тоа преку „дипломатски и меѓународен притисок“ врз оние кои ги кршат човековите права, за да си го променат однесувањето.

Би можело да ве интересира

За Бајден случувањата во Газа не се геноцид

Бајден ја нарече скандалозна одлуката да се бара потерница за Нетанјаху и Галант

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Трамп повторно го исмејуваше Бајден, публиката се смееше

Трамп бара Бајден да помине тест за дрога пред нивниот ТВ-дуел

Бајден го осуди атентатот врз словачкиот премиер Роберт Фицо

Бајден го покани Трамп на ТВ-дуел: Разубави ми го денот пријателе, слушам дека си слободен во среда