Бајден со укази ја запира агонијата на разделените семејства од Латинска Америка

Од:

Американскиот претседател, Џо Бајден, денеска треба да потпише три извршни указа со кои повторно се соединуваат семејствата разделени на јужната граница, и се прави ревизија на имигрантската политика на неговиот претходник, Доналд Трамп.

Првиот указ налага формирање работен тим кој веднаш ќе се ангажира на соединувањето на стотици разделени семејства од Јужна Америка кои останаа во таа ситуација по политиката на „нула толеранција“ воведена од Трамп, со цел да се обесхрабри приливот на бегалци и економски имигранти на јужната граница со Мексико.

Другите два указа авторизираат разгледување на неколку други политики како ограничениот азил, запреното финансирање странски влади, тешкотии за добивање дозволи за легален престој (зелени карти) или државјанство, сет од насоки на претходникот Трамп за намалена имиграција во САД.

Трите укази се дел од ветувањата на Бајден дадени за време на предизбрната кампања за промена и враќање на хуманата имиграциска политика, наспроти агендата на претходната администрација.

Според Њујорк тајмс, новата администрација, сепак, ќе се судри со единечни политики и регулации воведени во време на Трамп.

Затоа, овие укази нема да предизвикаат промени веднаш, туку се наменети да дадат насоки на службениците во Стејт департментот, Министерството за национална безбеднот и Министерството за правда да добијат време како да се справат со промените во имигрантска политика на САД.

Би можело да ве интересира

Кремљ: Ударот со хиперсонични ракети е предупредување за Западот

Американската разузнавачка служба ги предупреди одбранбените компании за заканата од руска саботажа

Чувар на американската амбасада во Осло уапсен под обвинение за шпионажа

Горан Наумовски

Бајден: Издавањето налог за апсење на израелски лидер е срамота

Горан Наумовски

Русија: Ја предупредивме Америка за нападот

Со проектили е погодена воена база на САД во Сирија