Бајден со порака до Турција да ги гони пучистите согласно законот

Од:

Американскиот потпретседател Џо Бајден во телефонски разговор со турскиот премиер Бинали Јилдирим ја повикал Турција да ги гони пучистите во согласност со владеењето на законот, соопшти Белата куќа.

„Бајден изрази одлучна поддршка на турската демократија и ја поздрави посветеноста на турскиот народ на демократските институции“, се вели во соопштението.

Во него се додава дека американскиот потпретседател повикал истрагата за извршителите на обидот за пуч да биде спроведена на начин што ќе ја зајакне довербата на јавноста во демократските институции и во владеењето на законот.

Официјалните лица на Турција соопштија дека бројката на уапсени по пучот во земјата надминала 10.000 лица.

Би можело да ве интересира

За Бајден случувањата во Газа не се геноцид

Бајден ја нарече скандалозна одлуката да се бара потерница за Нетанјаху и Галант

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Трамп повторно го исмејуваше Бајден, публиката се смееше

Трамп бара Бајден да помине тест за дрога пред нивниот ТВ-дуел

Бајден го осуди атентатот врз словачкиот премиер Роберт Фицо

Бајден го покани Трамп на ТВ-дуел: Разубави ми го денот пријателе, слушам дека си слободен во среда