Бајден: САД не се за воено решение, но и понатаму ќе ја помагаат Украина

Од:

Американскиот потпретседател Џозеф Бајден на Меѓународната конференција за безбедност ја обвини Русија дека не го почитува територијалниот интегритет на Украина, а рускиот претседател оти не ги почитува ветувањата.

Бајден најави дека САД иако не е за воено решение, сепак и понатаму ќе ја помага Украина, за сама да се брани.

Тој истакна и дека идните договори со Русија ќе зависат од делата на Москва, додавајќи оти целта на САД не е да ослабе руската економија.

– Основните принципи на слободна Европа, со неповредливи граници, мора да бидат одбранети. Европа е камен темелник на американскиот ангажман во целиот свет, наведе Бајден.

Би можело да ве интересира

Хамас: САД вршат притисок да го прифатиме договорот со Израел

А1он

Вучиќ за негодувањето на САД што нови министри се на американската црна листа: Тоа е изборот на граѓаните на Србија

Предраг Петровиќ

Литванија е сомнителна кон Украинците мобилизирани од странство: Тие ќе се предадат или ќе дезертираат

Руски проектили ја погодија железничката инфраструктура во Харков, најмалку една жртва

ВИДЕО: Студентите на пропалестинските протести во Тексас се судрија со полицијата

Катерина Ѓуровски

Торнадото во Оклахома однесе најмалку два животи, четворица повредени