Бајден: Оруженото насилство во САД е меѓународна срамота, преземаме чекори

Од:

Американскиот претседател Џо Бајден ги објави своите први мерки во услови на обновен притисок за справување со насилството со оружје во САД, по серијата крвави инциденти со пукање во земјата.

– Преземаме чекори да се справиме не само со кризата со вооружување, туку и со каква е реално кризата во јавното здравство, рече тој за шесте извршни активности што Белата куќа ги објави синоќа.

Според Бајден, насилството со оружје во оваа земја е „епидемија“ и „меѓународна срамота“.

Неговиот потег доаѓа откако насилството со оружје повторно се најде во центарот на вниманието – вкупно 18 лица беа убиени во две масовни пукања во Џорџија и Колорадо. Според Центарот за контрола и превенција на болести, во САД речиси 40.000 луѓе годишно умираат од повреди од огнено оружје.

– Доста е молитва – време е за акција, рече Бајден.

Бајден го повика Министерството за правда да издаде правило во рок од 30 дена со кое „ќе се запре ширењето на огнено оружје, според соопштение на Белата куќа.

– Секој, од криминалец до терорист, може да го купи овој комплет за само 30 минути за да состави оружје. Сакам да видам како овие комплети се третираат како огнено оружје, рече Бајден.

Би можело да ве интересира

Нов состанок на Русите и Американците утре во Истанбул

Катерина Ѓуровски

Трамп ја укина наредбата на Бајден за извештаите за употреба на американско оружје

Моксва: Подготвени сме да продолжиме со испораките на алуминиум за САД

Песков: Треба да поминеме долг пат за да стекнеме доверба во Америка

Западот знаел дека ќе има конфликт поради желбата на Украина да биде членка на НАТО

Горан Наумовски

Унгарија е против нова испорака на оружје за Украина