Бајден ќе се обрати до нацијата од имотот во Вилмингтон

Од:

Новоизбраниот американски претседател Џо Бајден ќе и се обрати на нацијата денеска во 20 часот по локално време, односно во еден часот по полноќ по Гринич, од својот имот во Вилмингтон, откако американските медиуми прогласија негова победа.

Избраниот претседател ќе и се обрати на нацијата од Вилмингтон, Делавер, а ќе му се придружат сопругата Џил Бајден, потпретседателката Камала Харис и нејзиниот сопруг Даг Емхоф, се наведува во соопштението на изборниот тим на Бајден.

Според проекциите на Си Ен Ен, Асошиејтед прес, Њујорк Тајмс, Еј-Би-Си Њуз и повеќе медиуми, кои се засновани на исклучително прецизни статистички пресметки, Бајден победи во државата Пенсилванија, со што доби уште 20 електорски гласа и надминувајќи го минимумот од 270. Засега тој има 273 електорски гласови од можни 538. И Фокс телевизија, која е голем поддржувач на Трамп, го прогласи Бајден за победник со 290 електроски гласови, со оглед на тоа што тие веќе го прогласија демократскиот кандидат за победник и во државата Аризона.

Би можело да ве интересира

За Бајден случувањата во Газа не се геноцид

Бајден ја нарече скандалозна одлуката да се бара потерница за Нетанјаху и Галант

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Трамп повторно го исмејуваше Бајден, публиката се смееше

Трамп бара Бајден да помине тест за дрога пред нивниот ТВ-дуел

Бајден го осуди атентатот врз словачкиот премиер Роберт Фицо

Бајден го покани Трамп на ТВ-дуел: Разубави ми го денот пријателе, слушам дека си слободен во среда