Бајден и Си ќе се сретнат денеска на Бали на маргините на самитот на Г20

Од:

Првата тет-а-тет средба меѓу американскиот претседател Џозеф Бајден и кинескиот лидер Си Џинпинг е закажана за денеска на маргините на Самитот на светските лидери на Групата 20 на Бали.

Двајцата претседатели доаѓаат на собирот во време на потврдена силна политичка поддршка во нивните земји, бидејќи американските демократи ја задржаа контролата врз Сенатот, а на Си во октомври му беше доделен трет петгодишен мандат од Националниот конгрес на кинеската комунистичка партија.

– Имаме многу мало недоразбирања. Само треба да откриеме каде се црвените линии и кои се најважните работи за секој од нас во следните две години. Знам дека доаѓам посилен, рече Бајден.

Пред да замине од Вашингтон, Бајден рече дека планира да се сретне со Си за да ги нагласи разликите во нивниот пристап кон Тајван, како и трговските практики на Кина и односите со Москва за време на руската инвазија врз Украина.

Кинеските власти јавно не ја осудија Москва, иако Пекинг директно не ја поддржа со снабдување со оружје.

Тајван се појави како едно од најспорните прашања меѓу Вашингтон и Пекинг. Неколку пати за време на неговиот мандат, Бајден рече дека САД ќе употребат сила за да го заштитат Тајван во случај на инвазија на Пекинг врз тој самоуправен остров со цел да го обедини со Кина.

Тензиите се зголемија откако претседателката на Претставничкиот дом Ненси Пелоси од Калифорнија го посети Тајван во август оваа година, што ја натера Кина да одговори со воени вежби и лансирање балистички ракети во близина на Тајван.

Би можело да ве интересира

Бајден: Издавањето налог за апсење на израелски лидер е срамота

Горан Наумовски

Бајден наполни 82 години и стана најстариот актуелен претседател во историјата на САД

Медведев: Можеби старецот Бајден решил да го напушти овој свет и да земе дел од човештвото со себе

Катерина Ѓуровски

Синот на Трамп за одлуката на Бајден: Проклети, имбецили, сакаат Трета светска војна

Бајден одобри Русија да биде нападната од американски ракети

Горан Наумовски

На средбата со Бајден, Си оцени: Односите меѓу САД и Кина останаа стабилни

Горан Наумовски