А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Крипто
InstagramTelegram
А1он
Од: А1он
Свет

Би-Би-Си: Пораката на Си Џинпинг е јасна „Не заборавајте кој е вашиот најголем инвеститор“

by А1он16/04/2025 - 07:421682
Share0

По посетата на Виетнам, кинескиот претседател Си Џинпинг пристигна во Куала Лумпур, каде што беше пречекан со целосни државни почести и покрај екстремно топол ден. Официјални лица и дипломати веќе пристигнуваат во Истана Негара, националната палата на Малезија, каде Кси ќе присуствува на државна вечера, а потоа ќе разговара со премиерот Анвар Ибрахим.

Следете a1on на Instagram Instagram

Посетата е дел од пошироката дипломатска офанзива со која Пекинг сака да демонстрира силни врски со Југоисточна Азија и да ги убеди партнерите дека кинеските инвестиции, особено во инфраструктурата и производството, нема да запрат.

Како што наведува Би-Би-Си во анализата на посетата, пораката на кинескиот лидер е јасна: „Не заборавајте кој е вашиот најголем инвеститор“. Си потсетува дека Соединетите Американски Држави, а не Кина, воведуваат царини на стоки, што им сигнализира не само на соседите, туку и на Доналд Трамп дека Кина има и други трговски партнери.

Американските медиуми јавуваат дека Белата куќа планира да ги искористи претстојните преговори со помалите земји за да изврши притисок врз нив да ја ограничат соработката со Кина. Но, министерот за трговија на Малезија вчера за Би-Би-Си изјави дека неговата земја не може и нема да избира меѓу САД и Кина кога станува збор за економските односи.

Следете a1on на Youtube YouTube
si dzinsi dzinping

Би можело да ве интересира

„Блумберг“: Си го надмудри Вашингтон и го зацврсти сојузот со Москва

Горан Наумовски21/05/2026 - 17:56

ВИДЕО: Кина и Русија ја закајнуваат соработката во одбраната, највуваат заеднички воени вежби

Катерина Ѓуровски20/05/2026 - 10:27

Александар Вучиќ оди во Кина

Катерина Ѓуровски20/05/2026 - 10:19

(ВИДЕО) Путин во Пекинг: Пријателство за пример кое влегува во „нова фаза“

Катерина Ѓуровски20/05/2026 - 08:11

Трамп: Кина ќе нарача 200 авиони „Боинг“

Горан Наумовски14/05/2026 - 18:17

Си: Вратата на Кина кон надворешниот свет ќе се отвори пошироко

Горан Наумовски14/05/2026 - 18:0214/05/2026 - 18:46
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
InstagramTelegram
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Крипто