Бајден го покани Тајван на онлајн самит за демократија, а Кина и Русија не

Од:

Американскиот претседател, Џо Бајден го покани Тајван на виртуелен самит за демократија, на кој ќе присуствуваат претставници на повеќе од 100 земји, со потег што може да ја „налути“ Кина, која не се наоѓа на листата на поканети учесници.
Конференцијата беше предизборно ветување на Бајден, кој во фокусот на својата надворешна политика ја стави борбата меѓу демократиите и „автократските влади“.

„Самитот за демократија“ ќе се одржи онлајн формат на 9 и 10 декември.

Кинеската Влада ја предупреди администрацијата на Бајден дека прави „грешка“ со тоа што го поканила Тајван да учествува на Самитот за демократија заедно со 109 други претставници на демократските влади.

Жу Фенглијан, портпаролка на кинеската канцеларија за Тајван, предупреди дека поканата на Тајван на самитот е „грешка“, нагласувајќи дека Пекинг е против „секаква официјална интеракција меѓу САД и кинескиот регион Тајван“.

– Овој став е јасен и конзистентен. Ги повикуваме САД да се придржуваат до принципот „една Кина“, истакна Фенглијан.
Не е чудно што главните американски ривали, Кина и Русија, не се меѓу поканетите.

САД го поканија Тајван, кој не го признава како независна земја, но го смета за примерна демократија.

Американскиот потег се очекува дополнително да ги разгори тензиите меѓу двете велесили.

Би можело да ве интересира

Кремљ: Ударот со хиперсонични ракети е предупредување за Западот

Американската разузнавачка служба ги предупреди одбранбените компании за заканата од руска саботажа

Чувар на американската амбасада во Осло уапсен под обвинение за шпионажа

Горан Наумовски

Русија: Ја предупредивме Америка за нападот

Со проектили е погодена воена база на САД во Сирија

САД воведоа нови санкции против Русија