Азија на пат да стане број еден во светот

Од:

Кина има голема самодоверба во настапите во азиско-пацифичкиот регион во кој САД со децении се доминантна сила, вели поранешниот министер за надворешни работи на Индонезија Хасан Вирајуда.

Дали е ова век на Азија? Поради огромниот стопански раст на азиските земји, ова прашање од почетокот на милениумот го поставуваат креаторите на надворешната и економската политика од Брисел до Вашингтон, а го поставивме и ние на Хасан Вирајуди, член на Советот на советници на претседателот на Индонезија и поранешен министер за надворешни работи на оваа земја, 16 најголема економија на светот.

– Статистиката тоа го покажува. За помалку од 10 години Кина ќе стане најголема економија на светот, преземајќи го првото место од САД. Тоа е неизбежно. До 2040 година источна Азија ќе произведува 65 отсто од светскиот општествен производ – вели Вирајуда (66).

Нашиот соговорник овие денови престојуваше во Белград како учесник на конференцијата – Европска трагедија 1914 година и мултиполарниот свет 2014 година, во Центарот за меѓународни односи и одржлив развој. Бил амбасадор на својата земја во ОН и Египет, како и шеф на дипломатијата од 2001 до 2009 година во периодот на огромен стопански раст на Индонезија и воопшто на регионот на југоисточна Азија. Индонезиската економија и по ударот од планетарната криза во 2009 година продолжи да расте и единствена членка е на групата Г20 на најголемите економии, покрај Индија и Кина, која и за време на светската економска криза забележа раст на БДП од 5,3 отсто.

– Кога Индонезија во 2008 година се приклучи кон Г20 беше 18 економија на светот, а денес е 16 најголема економија на планетата. Прогнозите се дека до 2035 година ќе бидеме шеста најголема економија – додаде Вирајуда.

Индонезија се уште е земја во развој, но со 250 милиони жители посакувана е како пазар и место за инвестирање. Еден од основачите на Здружението на земјите на југоисточна Азија т.е. Асеан, кое не ги поврзува азиските земји така блиску како што ЕУ ги поврзува европските, но кое игра значајна улога во политичкото, економското и културното зближување на држави како Филипини, Малезија, Виетнам… Асеан собира држави кои се обидуваат да водат избалансирана политика меѓу САД и Кина, како Индонезија, како и земјите кои се американски сојузници како Филипини. Токму овие денови Асеан е на голем испит: како да одговори на судирите во Јужнокорејското море каде четири негови членки Филипини, Виетнам, Малезија и Брунеи, имаат територијални спорови со Кина. Пекинг во последно време полага право на водите кои се наоѓаат во ексклузивна економска зона на наведените земји. Џакарта, како што вели нашиот соговорник, може тука да одигра медијаторска улога.

– Поради такви работи ние како регион и го збунуваме светот. Од една страна се зборува за век на Азија, а од друга, не можеме да ги решиме нашите регионални проблеми, токму тие во Јужното Кинеско Море. Мојата земја нема територијални спорови со Пекинг и затоа сметам дека ние можеме да го олесниме дијалогот меѓу Кина и членките на Асеан кои се вовлечени во спорот.

А која е причината за овие тензии во Азија? Растот на Кина?

-Секако, растот на Кина навистина е фактор. Огромниот економски развој Кина ја направи со голема самодоверба. Некои земји од регионот се исплашени, но ние тука сепак зборуваме за ограничен простор на споровите во Јужното кинеско море, како и островите Сенкаку и Источното Кинеско Море околу кои Пекинг се спори со Јапонија.

Различните земји во регионот различно ја сфаќаат опасноста, па така Виетнам и Филипини очекуваат од САД да ги заштити, ако дојде до територијални судири со Пекинг. Америка се обврза дека ќе помогне на своите југоистични сојузници, што сосема се поклопува во нејзиното надворешнополитичко свртување кон Азија и отворениот пресврт од Европа и Блискиот исток, кон азиско-пацифичкиот регион, А дали таа таму е добродојдена?

– Гледајте, никој на Американците отворено не им посакува добредојде, но ние разбираме како стојат работите. Од крајот на Втората светска војна, САД е доминантна сила во азиско-пацифичкиот регион. Сега дури и повеќе ги распоредува трупите во Пацификот на сметка на тие кои се повлекуваат од Ирак и Авганистан.

Југоисточна Азија, се чини е стеснета од една страна меѓу САД од една и Кина од друга страна. Вирајуда смета дека токму овој факт е нешто поради што одбележувањето на 100 годишнината од избивањето на Првата светска војна, поради кое тој дојде во Србија, е важно и во неговиот регион, толку далеку од поприштата на некогашните европски судири.

– Индонезијците и не знаат што се случувало во Европа за време на Првата светска војна, ние не бевме актери. Бевме колонија на европските земји, па таа војна ја доживувавме како војна на колонијалните господари. Меѓутоа, мислам дека за мојот регион би било добро да се потсети на тие настани, во Азија денес да не се повтори она што се случи во Европа пред 100 години. Подвлекувам паралела меѓу тие две времиња и двата региона. Првата светска војна изби пред 100 години кога Германија ја предизвика европската суперсила Британија. Денес во нашиот регион растот на Кина ги иритира САД. Значи, сличностите се тука.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Паѓаат температурни рекорди во светот, горат Европа, Америка и Азија

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Тензиите се разгоруваат и на исток: Масовна тепачка меѓу кинески и индиски војници, Азија стравува од ескалација

А1он

Фондацијата Гејтс ќе додели 1,4 милијарди долари за помош на земјоделците во Африка и Азија

Ана Ололовска

Град што не постои ќе биде домаќин на Зимските Азиски игри во 2029 година

Азија зафатена од нов бран на Ковид-19

Горан Наумовски

Светска банка: Војната предизвикува најголема економска штета во Источна Европа и Азија

Ана Ололовска