Автомобили бомби во Сирија: Во Хама убиени 50 војници, во Дамаск цивили

Од:

Според последните информации, најмалку 50 војници и припадници на про-владините сили беа убиени денеска во провинцијата Хама по детонација на масивна автомобил-бомба, пренесува РТ. Два терористички напади се случија во главниот град при што загинаа неколку цивили, а многумина беа повредени.

Информации говорат дека во Хама детонираше автомобил-бомба со речиси еден тон експлозив во близина на воен контролен пункт. Се шпекулира дека зад нападите стои милитантна група поврзана со Ал Каеда. Информациите за “50 убиени војници” доаѓаат од опозициски извори и не се потврдени, сириските медиумите истакнуваат дека се убиени само двајца. Од друга страна, АФП пренесува дека во денешните напади со автомобил бомба и директен оган, загинаа околу 100 сириски војници и про-владини претставници.

Терористичките напади станаа секојдневие во Сирија, но – за разлика од други места низ светот – овие напади минуваат практично без критика од страна на западните сили. На овој факт се осврна британскиот новинар Нил Кларк, во интервју за РТ: “Тоа се терористички напади ако ги гледаме објективно, но се разбира, тие нема да бидат критикувани од страна на западните сили. Западните сили и нивните сојузници во Саудиска Арабија, Катар и Турција, имаат крв на своите раце, бидејќи можеше да се најде мирно решение за Сирија. Во февруари, се гласаше за нов Устав, постоеше демократски и мирен пат, но западните сили не го сакаа тоа, тие сакаат насилно уривање на режимот “, изјави Кларк.

 

Би можело да ве интересира

Сирија собори израелски проектили истрелани кон предградијата на Дамаск

Горан Наумовски

Најмалку пет ракети истрелани од Ирак кон американската воена база во Сирија

ВИДЕО: Експлозија на пазар во Сирија, најмалку седуммина мртви и 30 повредени

Израел нападна сириски град, 38 загинати

ВИДЕО: Израел го нападна Дамаск

Британски специјалци под истрага за воени злосторства во Сирија

Катерина Ѓуровски