Автобуска несреќа во Индија, 18 лица загинати

Од:

Во планински предел во северниот дел на Индија денеска се преврте автобус во бездна длабока 150 метри, при што загинаа 18 патници, а 14 се повредени, соопшти локалната полиција.

Несреќата се случила на околу 310 километри северно од главниот град ЊуДелхи, а причината за инцидентот се уште не е позната.

Полицијата соопшти дека седуммина од повредените се хоспитализирани во местото Солан, во државата Химачал Прадеш, а неколку од нив се наоѓаат во тешка состојба. Повеќето од жртвите се ученици во локалните училишта.

Патиштата во Индија се едни од најсмртоносните во светот со над 110.000 жртви годишно. Причини за повеќето од несреќите се невнимателно возење, лошо одржуваните патишта и старите возила кои не се сервисираат.

Би можело да ве интересира

Четири деца загинаа, 12 се повредени во сообраќајна несреќа во Индија

Засега тројца уапсени за брутално силување на шпанската блогерка Фернандa

(ВИДЕО) Шпански блогерски пар нападнат во Индија: Ме силуваа седуммина

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Товарен воз во Индија помина 70 киломентри без машиновозач

(ВИДЕО) Тешка несреќа во Индија: Трактор полн со луѓе падна во езеро, најмалку 23 мртви, меѓу нив и деца

Индија: Најмалку 15 аџии загинаа кога се преврте трактор со приколка