Автобус падна од мост во провалија во Пакистан, загинаа најмалку 41 лице

Од:

Најмалку 41 лице загинаа откако автобус падна во провалија во Балучистан, Пакистан, објавија локалните медиуми, пренесува Sky News.

Инцидентот се случил во Лазбела, планински регион во Балучистан.

Според локален претставник, автобусот излетал од мостот и се запалил.

„Телата се непрепознатливи“, изјави Хамза Анџум, висок функционер во областа Лазбела во провинцијата Белучистан, кој дошол на местото на несреќата.

Анџум рече дека тројца преживеани биле спасени, а автобусот наводно превезувал 48 патници кога удрил во столб на мостот и паднал од него.

Според проценките на Светската здравствена организација, повеќе од 27.000 луѓе загинале на патиштата во Пакистан во 2018 година.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Се урна незавршен мост во Пакистан

Ана Ололовска

Министер од Пакистан дома имал приватен затвор

Горан Наумовски

Најмалку 14 лица загинаа во сообраќајна несреќа во Пакистан

Телото на Мушараф пренесено во Пакистан

Ана Ололовска

Бројот на загинати во бомбашкиот напад во пакистанската џамија достигна 89

Расте бројот на жртви во Пакистан, во нападот загинаа најмалку 47 лица