Австрискиот министер за одбрана се повлекува во својата партија

Од:

Австрискиот министер за одбрана Норберт Дарабош заминува од оваа функција со цел да преземе нова должност во својата партија Социјалдемократска партија на Австрија (СПО), соопштено е синоќа во Виена.

На негово место ќе биде поставен правникор Гералд Клуг, кој за разлика од Дарабош отслужил воен рок и активно ќе учествува во реформите на армијата.

Дарабош претрпе тежок пораз на почетокот на годинава кога Австријците на референдум гласаа против неговиот предлог за професионализација на војската и укинување на воената обврска.

Австрискиот канцелар и лидер на СПО Вернер Фајман ја соопшти рокадата во Владата по седницата на партиското претседателство.

Како што најави Фајман, Дарабош ќе биде нов генерален секретар на партијата и шеф на предизборната кампања, бидејќи на есен во Австрија треба да се одржат парламентарни избори.

Би можело да ве интересира

Голема лавина во Австрија: Четворица затрупани во снег, тројца мртви

Србин е уапсен во Австрија за силување жена

Селекторот на Австрија отстрани тројца играчи од тимот поради хомофобија

Tри борбени кучиња во Австрија убија жена, сопственичката на животните е осудена

Авганистанец е осомничен за убиството на три сексуални работнички во бордел во Виена

Горан Наумовски

За помалку од 24 часа во Виена се убиени четири жени и едно девојче