Австрискиот канцелар бара итна средба на ЕУ за бегалците

Од:

Австрискиот канцелар Вернер Фајман повика за итна средба на врвот на ЕУ по прашањето за бегалците, нагласувајќи дека подготвеноста на неговата држава да прифати бегалци е само времено и израз на добра волја да се помогне во кризна ситуација.

Според Фајман треба итно да биде усвоена заедничка политика на ЕУ за бегалците.

Австрија се согласи во петокот да го олесни приемот и транзитот на илјадници бегалци, заглавени во Унгарија, на пат кон Германија. За таа цел земјата обезбеди десетици бесплатни возови.

– Мерка од таков вид не може да биде решение на проблемот, предупреди Фајман, додавајќи дека е потребна итна средба на врвот на ЕУ, веднаш по средбата на министрите за внатрешни работи на земјите членки на ЕУ, закажана за 14 септември.

Би можело да ве интересира

Голема лавина во Австрија: Четворица затрупани во снег, тројца мртви

Србин е уапсен во Австрија за силување жена

Селекторот на Австрија отстрани тројца играчи од тимот поради хомофобија

Tри борбени кучиња во Австрија убија жена, сопственичката на животните е осудена

Авганистанец е осомничен за убиството на три сексуални работнички во бордел во Виена

Горан Наумовски

За помалку од 24 часа во Виена се убиени четири жени и едно девојче