Австриски министер ја критикуваше Чешка за пристапот кон миграциската криза

Од:

Австрискиот министер за одбрана, Ханс Петер Доскоцил ги критикуваше Чешка, Словачка и Унгарија за нивниот став за миграциската криза, особено во врска со недостигот на солидарност со другите земји од Европската унија, јави дописникот на МИА од Прага.

Во интервјутото кое денеска го објави интернет страницата на германскиот портал „Шпигел онлајн“, Доскоцил вели дека е неприфатливо земјите кои добиваат толку многу финансии од фондовите на ЕУ во случај на криза да одбиваат да учествуваат во заедничко решение.

– Веќе не можеме да толерираме, оние кои примаат финансиски средства од ЕУ, земјите на кои им се исплатија толку многу пари, во случај на било каков проблем да го свртат грбот и да речат: „Не“, изјави Доскоцил.

Доскоцил додава дека тоа може да има одглас во нивните земји, но не е во согласност со изразувањето на солидарност во ЕУ.

Тој во интервјуто позитивно ја оцени одлуката на неговата земја за спроведување на годишни квоти на примање на бегалци.

Би можело да ве интересира

Голема лавина во Австрија: Четворица затрупани во снег, тројца мртви

Србин е уапсен во Австрија за силување жена

Селекторот на Австрија отстрани тројца играчи од тимот поради хомофобија

Tри борбени кучиња во Австрија убија жена, сопственичката на животните е осудена

Авганистанец е осомничен за убиството на три сексуални работнички во бордел во Виена

Горан Наумовски

За помалку од 24 часа во Виена се убиени четири жени и едно девојче