Австриски левичари го спречија маршот на ПЕГИДА во Виена

Од:

Првите демонстрации на движењето „Патриотски Европејци против исламизацијата на Европа“ (ПЕГИДА) во Виена, синоќа завршија без планираниот марш низ центарот на градот, бидејќи повеќе стотици левичари го блокираа патот по кој требаше да минат.

Една жена е повредена во напад по завршување на собирот на десничарите.

Пред самиот почеток на демонстрациите на ПЕГИДА,  и покрај значителното присуство на полицијата, поголем број левичари успеаја да ја блокираат улицата по која требаше да се движи поворката. Тие застанаа на средина од улицата, делумно со маскирани лица, извикувајќи пароли против десницата.

Во пресрет на собирот на ПЕГИДА, движењето „Офанзива против десницата“ оддржа  свој протест со марш низ центарот на градот, на кој, според портпаролот на виенската полиција Роман Хаслингер, учествиваа околу 5.000 лица.

Дел од учесниците на овој марш им се приклучија на противниците на десницата во блокада на патот за учесниците на собирот на ПЕГИДА.

Полицијата не сакаше да ја растури оваа „човечка барикада“, чија цел беше да го спречи марширањето на околу 600 симпатизери на ПЕГИДА, кои во Германија од октомври секој понедленик  оддржуваат протести против исламизација на земјата и на Европа. Во  таа „пат позиција“, што траеше час и половина, полицијата, малку по 20.30 часот, одлучи двата собира да ги прогласи за завршени.

Со помош на разглас полицијата на насобраните им порача да се разотидат или во спротивно ќе мора да ги приведе заради утврдување на идентитетот и поднесување на пријави.

Би можело да ве интересира

Голема лавина во Австрија: Четворица затрупани во снег, тројца мртви

Србин е уапсен во Австрија за силување жена

Селекторот на Австрија отстрани тројца играчи од тимот поради хомофобија

Tри борбени кучиња во Австрија убија жена, сопственичката на животните е осудена

Авганистанец е осомничен за убиството на три сексуални работнички во бордел во Виена

Горан Наумовски

За помалку од 24 часа во Виена се убиени четири жени и едно девојче