Австриската министерка за внатрешни работи во посета на Балканот поради азилантите

Од:

Австриската министерка за внатрешни работи Јохана Микл-Лајтнер следната недела ќе допатува во посета на неколку балкански земји поради драматичниот раст на азилантите од Косово.

Таа од среда до петок следната недела ќе ги посети Косово, Црна Гора и Србија, каде ќе разговара за мерките за спречување на илегалната миграција.

Во Виена утре ќе престојува косовскиот министер за внатрешни работи скендер Хисени.

Инаку Микл-Лајтнер побарала забрзување на процесот за решавање на молбите за добивање азил, кои ги поднесуваат лица со потекло од „безбедни земји“, во кои се вбројува и Косово.

Поради големиот бран азиланти од Косово во австриската Влада постои согласност дека мора да се донесе таква мерка и се очекува уште на следната владина седница да биде усвоена одлуката.

Во јануари 2014 година 54 косовски граѓани поднеле барање за добивање азил во Австрија, а истиот месец оваа година тоа го направиле дури 1.029 жители на Косово. Само во првата недела од овој месец 558 Косовци поднеле барања за азил во австриската држава.

Бројот на луѓе што бараат азил во Германија е зголемен за 73,1 отсто во јануари во однос на истиот месец минатата година.

Вкупно азил побарале 25.042 лица, соопшти Минстерството за внатрешни работи на Германија. Споредено со декември минатата година, таа цифра е зголемена за 22,9 отсто.

Најголема група баратели на азил се од Сирија – 5.530, но многу зголемен е и бројот на азиланти од Косово и Албанија.

Во декември 940 лица од Косово побарале азил во Гермнаија додека во јануари од Косово регистрирани се 1.648 молби за азил.

Држави од каде што има најбројни азиланти во Германија се Србија, Авганистан, Ирак, Македонија, Босна и Еритреја.

Би можело да ве интересира

Голема лавина во Австрија: Четворица затрупани во снег, тројца мртви

Србин е уапсен во Австрија за силување жена

Селекторот на Австрија отстрани тројца играчи од тимот поради хомофобија

Tри борбени кучиња во Австрија убија жена, сопственичката на животните е осудена

Авганистанец е осомничен за убиството на три сексуални работнички во бордел во Виена

Горан Наумовски

За помалку од 24 часа во Виена се убиени четири жени и едно девојче