Австриската гранична полиција ќе им зема отисок од прсти на странците

Од:

Австрискиот Парламент усвои одлука со која се овозможува земање отисок од прсти од странските државјани на граница, при нивниот влез во земјата.

Со усвоените измени на Законот за странци во иднина безбедносните органи ќе имаат можност за време на граничната контрола да им земаат отисок од прсти на патниците и да ги проверат со истите во пасошот или во базата на податоци, во случај да постои сомневање во идентитетот.

Парламентот со тоа ја усвои препораката од ЕУ, која треба да ја зголеми безбедноста на границите на Унијата, односно спречување на илегалната миграција.

Од март 2009 година во Австрија, при издавањето пасош, отисоците од прстите на сопственикот на патната исправа се ставаат на безбедносен чип.

Би можело да ве интересира

Голема лавина во Австрија: Четворица затрупани во снег, тројца мртви

Србин е уапсен во Австрија за силување жена

Селекторот на Австрија отстрани тројца играчи од тимот поради хомофобија

Tри борбени кучиња во Австрија убија жена, сопственичката на животните е осудена

Авганистанец е осомничен за убиството на три сексуални работнички во бордел во Виена

Горан Наумовски

За помалку од 24 часа во Виена се убиени четири жени и едно девојче