Австрија зафатена од невреме, причинети материјални штети

Од:

По рекордно високите температури што ја зафатија Австрија во изминатите денови, синоќа земјата беше погодена од невреме што донесе разаладување, но и материјална штета во некои региони.

Во австриската покраина Долна Австрија, во општината Тулн на северозападот, како и на југот, пожарникарите имале 130 интервенции.

Сикниот ветер корнел дрвја кои ги блокираа улиците, а општетени се и голем број покриви и оџаци.

Во покраината Штаерска ветровите со брзина од сто километри на час предизвикаа значителна штета.

Како и во другите делови на земјата и во Штаерска ветрот корнеше дрвјата, носеше покриви од куќите и кршеше прозорци.

На територијата на општина Муртал еден товарен воз удрил во дрво кое паднало на шините, а во Грац дрво падна врз такси возило.

Би можело да ве интересира

Невреме ја зафати Хрватска, метеоролошкиот аларм е на сила за целата земја

Горан Наумовски

Голема лавина во Австрија: Четворица затрупани во снег, тројца мртви

Невреме во југоисточниот дел на САД: Едно лице загина, повеќе од 100.000 без струја

САД: Стотици илјади луѓе без струја поради силно невреме

(ВИДЕО) Силно невреме во Москва, ветерот носеше се пред себе

На Малта ненадејно избувна невреме, загина нуркач, спасени 17 туристи