Австрија усвои закон за потпомогнато самоубиство

Од:

Австрискиот парламент синоќа со големо мнозинство го усвои законот за потпомогнато самоубиство, според кој тешко болните од Нова година ќе добијат пристап до смртоносната дрога.

Сепак, оваа опција е отворена само за луѓе кои се трајно сериозно и неизлечиво болни. Активната евтаназија сè уште е забранета.

Новиот закон стана неопходен откако Уставниот суд ја укина забраната за потпомогнато самоубиство. Според мислењето на судиите, со ова се нарушува правото на самоопределување.

Новиот Закон за потпомогнато самоубиство содржи неколку услови кои мора да се исполнат. Така, лицето кое го бара мора да има најмалку 18 години и да има медицинска дијагноза, а секој случај ќе го оценуваат двајца лекари. Дополнително, ќе треба да поминат најмалку неколку недели за да се осигура дека не се бара евтаназија поради привремена криза. Дури тогаш смртоносниот лек ќе можат да го набават во аптека.

Владејачката конзервативна Австриска народна партија и Зелените го поддржаа законот во Парламентот, како и опозициските социјалдемократи и либералната партија Неос. Единствено крајно десничарската Слободарска партија на Австрија не се согласи.

Министерката за правда Алма Задиќ од Зелените посочи дека ќе се преземат и мерки за да се понудат алтернативи на самоубиство.

Би можело да ве интересира

Голема лавина во Австрија: Четворица затрупани во снег, тројца мртви

Србин е уапсен во Австрија за силување жена

Селекторот на Австрија отстрани тројца играчи од тимот поради хомофобија

Tри борбени кучиња во Австрија убија жена, сопственичката на животните е осудена

Авганистанец е осомничен за убиството на три сексуални работнички во бордел во Виена

Горан Наумовски

За помалку од 24 часа во Виена се убиени четири жени и едно девојче