Австрија не го информирала Брисел дека ќе гради ограда кон Словенија

Од:

Австрија досега не ја информирала Европската комисија дека има намера да гради ограда на границата со Словенија, како мерка за запирање на приливот на имигранти, ијзави денеска на прес-конференција во Брисел портпаролот на Еврокомисијата, Наташа Берто. 

Како што јави ТАСС, Берто соопшти дека за ова прашање претседателот на Еврокомисијата, Жан-Клод Јункер во текот на денов ќе разговара со австрискиот канцелар Вернер Фајман.

– Јункер го поздравува фактот што Австрија и Фајман одиграа многу конструктивна улога на вонредната средба на ЕУ посветена на западната маршрура на имигрантите што се одржа во неделата, додаде Берто.

Реакцијата на Еврокомисијата уследи откако австриската министерка за внатрешни работи Јохана Микл-Лајтнер најави дека Австрија ќе подигне ограда на границата кон Словенија.

– Се работи за обезбедување на уредно и контролирано влегување во нашата земја, а не за затворање на границата, изјави Микл-Лајтнер, працизирајќи дека станува збор за изградба на ограда во должина од неколку километри околу греничниот премин Шпилфилд.

Би можело да ве интересира

Голема лавина во Австрија: Четворица затрупани во снег, тројца мртви

Србин е уапсен во Австрија за силување жена

Селекторот на Австрија отстрани тројца играчи од тимот поради хомофобија

Tри борбени кучиња во Австрија убија жена, сопственичката на животните е осудена

Авганистанец е осомничен за убиството на три сексуални работнички во бордел во Виена

Горан Наумовски

За помалку од 24 часа во Виена се убиени четири жени и едно девојче