Австрија: Насилно стерилизирале хендикепирани девојки

Од:

34-годишна државјанка на Австрија,член на Невладината оргнизација “Lebenshilfe” која се занимава со заштита на лицата со хендикеп, го обвинува раководството на организацијата дека во 2009-та година насилно ја приморале да се стерилизира.

Оваа девојка е родена без тироидната жлезда, со што се смета за лице со хендикеп. Таа била принудена да потпише договор без да го види, за кој потоа излегло дека е договор за стерилизација.

Најпрво девојката одбила да го потпише овој договор бидејќи сакала да види што потпишува, но и се заканиле дека ако не го потпише ќе ја исфрлат од Невладината организација.

По рутински преглед од страна на гинеколог, нејзините јајнии биле отстранети.

-Изгубив верба во луѓето. Бев толку разочарана и неможев да поверувам што ми се случува, вели Австријката.

Инаку, пред само неколку недели во Австрија се појави информацијата дека властите во 2000 година вршеле стерилизација на хендикепирани лица без нивна дозвола.

Би можело да ве интересира

Голема лавина во Австрија: Четворица затрупани во снег, тројца мртви

Србин е уапсен во Австрија за силување жена

Селекторот на Австрија отстрани тројца играчи од тимот поради хомофобија

Tри борбени кучиња во Австрија убија жена, сопственичката на животните е осудена

Авганистанец е осомничен за убиството на три сексуални работнички во бордел во Виена

Горан Наумовски

За помалку од 24 часа во Виена се убиени четири жени и едно девојче