Австрија ја тужи Велика Британија поради државни пари за нуклеарна електрана

Од:

Откако Евроспката комисија официјално ја соопшти одлуката со која се одобрува изградба на британската нуклеарна електрана „Хинклеј Поинт“, со државни пари од Велика Британија во износ од над една милијарда евра, официјална Виена најави тужба поради кршење на принципите на ЕУ за конкурентност.

Австрискиот канцелар Вернер Фајман истакна дека Австрија ќе поднесе тужба против таквата „скандалозна одлука“, а поддршка доби од Луксембург.

Според австриските медиуми на тужбата на Австрија и ан Луксембург може да и се приклучат Данска и Шведска.

Би можело да ве интересира

Голема лавина во Австрија: Четворица затрупани во снег, тројца мртви

Србин е уапсен во Австрија за силување жена

Селекторот на Австрија отстрани тројца играчи од тимот поради хомофобија

Tри борбени кучиња во Австрија убија жена, сопственичката на животните е осудена

Авганистанец е осомничен за убиството на три сексуални работнички во бордел во Виена

Горан Наумовски

За помалку од 24 часа во Виена се убиени четири жени и едно девојче