Австрија ги забранува бурките

Од:

Австрискиот Парламент доцна синоќа усвои закон со кој се забранува носење во јавноста на облека која целосно го покрива лицето, како што се бурките.

Одредбата е дел од поширокиот интеграциски закон, на кој Владата продолжи да се работи и покрај несогласувањата во владејачката коалција, јави ДПА.

Од октомври, носењето на облека што целосно го покрива лицето во јавност ќе се казнува со глоба од 150 евра.

Се уште не е познато колку лица би можеле да се соочат со казни поради ова мерката.

Со друг дел од новиот закон се забранува ширењето на Куранот и се бара од сите мигранти во Австрија да преминат „интеграциска година“ во која ќе учат германски јазик и етички правила.

Таа одредба е насочена кон бегалците и азилантите за кои се проценува дека имаат добри шанси да останат во Австрија.

Од апликантите се бегалски статус се очекува исто така да извршуваат бесплатна општествено корисна работа. Секој кој ќе го одбие тоа ќе ја загуби социјалната помош.

Предлогот има за цел да ги приспособи мигрантите кон австрискиот пазар на трудот.

Би можело да ве интересира

Голема лавина во Австрија: Четворица затрупани во снег, тројца мртви

Србин е уапсен во Австрија за силување жена

Селекторот на Австрија отстрани тројца играчи од тимот поради хомофобија

Tри борбени кучиња во Австрија убија жена, сопственичката на животните е осудена

Авганистанец е осомничен за убиството на три сексуални работнички во бордел во Виена

Горан Наумовски

За помалку од 24 часа во Виена се убиени четири жени и едно девојче