Австралискиот премиер бара откажување на седница на Парламентот поради Ковид-19

Од:

Австралискиот премиер Скот Морисон побара следната седница на Парламентот, планирана за почетокот на август, да биде откажана поради повторно ширење на коронавирусот во одредени делови од државата.

Предвидено е Парламентот да заседава од 4 до 13 август.

Морисон рече дека тој испратил писмено барање до претседателот на Парламентот за откажување на двонеделната седница.

Тој изјави дека поднел такво барање откако главниот советник во Владата, Пол Кели, предупредил дека парламентарната седница носи „значителен ризик“, како резултат на зголемувањето на бројот на локално пренесените случаи во државите Викторија и Нов Јужен Велс.

Во Викторија беа потврдени 217 нови случаи на коронавирус во последните 24 часа, откако претходниот ден имаше 428, претежно во главниот град Мелбурн, што е во карантин од минатата недела.

Би можело да ве интересира

Момчето кое уби епископ е обвинето за тероризам, oдлучија обвинителите од Сиднеј

Нападот на епископ во црква во Сиднеј е терористички чин оцени полицијата

ВИДЕО: Идентификуван напаѓачот од Сиднеј, уби шестмина и избоде деветмесечно бебе

ФОТО: Полицајката од Сиднеј го совладува напаѓачот

А1он

ВИДЕО: Напад со нож во Сиднеј, еден напаѓач убиен, другиот избегал

А1он

ВИДЕО: Избезумени коали се држат за дрвја за време на сеча