Австралиски сенатор бара Австралија да ги напушти ОН

Од:

Австралискиот сенатор Малколм Робертс побара Австралија да го искористи искуството на Велика Британија со Брегзит и заминувањето од ЕУ и да направи свој „Озегзит“ за да ги напушти Обединетите нации.

Сенаторот Робертс е член на Горниот дом на австралискиот Парламент, избран во сојузната држава Квинсленд, како кандидат на антиимиграциската партија Една нација.

Тој верува дека тврдењата за климатските промени се „глобален заговор измислен од банкарите кои се залагаат за создавање на светска влада“.

– Нам во Австралија ни е потребен Озегзит, за да побегнеме од наметнувањето на неизбраната волја на ОН, изјави Робертс во дебатата во Горниот дом на австралискиот Парламент.

– Додека ЕУ е пример за тоталитарна социјалистича доминација во Европа од неизбрани органи, ОН тоа го прават преку своите тела, како што е ММФ, форсирајќи агенда за заплашување на луѓето. Затоа Австралија треба да си замине од ОН, смета овој сенатор.

Робертс е поранешен директор во рударска компанија и за себе смета дека е како грчкиот антички философ Сократ.

Партијата од каде потекнува овој сенатор бара целосна забрана на миграцијата на муслимани во Австралија.

– Доколку тоа не се направи, ќе живееме во услови на шеријатското право, тврди лидерот на Една нација, Полин Хенсон.

Австралијците се нарекуваат себе си „Ози“, па од таму сенаторот Робертс австралиското излегување од ОН го нарече „Озегзит“.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Авион со заглавени тркала слета на аеродром во Австралија

Катерина Ѓуровски

Момчето кое уби епископ е обвинето за тероризам, oдлучија обвинителите од Сиднеј

Нападот на епископ во црква во Сиднеј е терористички чин оцени полицијата

ВИДЕО: Идентификуван напаѓачот од Сиднеј, уби шестмина и избоде деветмесечно бебе

ФОТО: Полицајката од Сиднеј го совладува напаѓачот

А1он

ВИДЕО: Напад со нож во Сиднеј, еден напаѓач убиен, другиот избегал

А1он