Австралија: Осма жртва на напад на ајкули оваа година

Од:

Средовечен маж загина, откако беше нападнат од ајкула во Западна Австралија и тој е осма жртва на ваков напад годинава во државата.

Додека пливал покрај плажа во популарно летувалиште во Индискиот Океан, 55-годишен маж бил нападнат од ајкула, па иако полицијата набргу се појавила на местото и му пружила прва помош на несреќниот човек, тој починал на самото место, пред да пристигне брзата помош.

Полицијата веднаш нареди затворање на плажата, а рибарските бродови започнале да патролираат и да ја обиколуваат областа каде што се случил нападот. Ова е осми смртоносен напад на ајкула оваа година во Австралија.

Би можело да ве интересира

Момчето кое уби епископ е обвинето за тероризам, oдлучија обвинителите од Сиднеј

Нападот на епископ во црква во Сиднеј е терористички чин оцени полицијата

ВИДЕО: Идентификуван напаѓачот од Сиднеј, уби шестмина и избоде деветмесечно бебе

ФОТО: Полицајката од Сиднеј го совладува напаѓачот

А1он

ВИДЕО: Напад со нож во Сиднеј, еден напаѓач убиен, другиот избегал

А1он

ВИДЕО: Избезумени коали се држат за дрвја за време на сеча