Австралија формира спец-служба за борба со младите кандидати за џихадисти

Од:

Австралија денеска соопшти дека ќе формира специјализирана служба за истражување и неутрализирање на младите кандидати за џихадот во Сирија и Ирак, пренесоа француските медиуми.

Службата е ополномоштена да ги следи, приведува на распити и судски прогонува осомничените кандидати за учасници во борбите на Блискиот исток и ќе ја централизира работата на различните разузнавачки агенции, кои имаат релации со проблемот.

Премиерот Тони Абот го одобри доделувањето на 64 милиони австралиски долари (60 милиони долари) за спречување и борба со врбувањето млади Австралијци за џихадисти. Овие средства се дел од 630-те милиони австралиски долари, што во јули ги одобри Владата, за борбата со тероризмот.

Според Абот, околу 60 Австралијци во моментов се борат во редовите на групата „Исламска држава“ во Ирак и Сирија, а уште стотина им даваат логистичка и финансиска помош на џихадот од Австралија.

Освен за полициска и судска дејност дел од средствата од овој владин антиџихадистички план директно ќе им се даваат на младите кои се цел на врбувањето, а како форма ќе се користи помош за образование и обезбедување работа, изјави премиерот.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Авион со заглавени тркала слета на аеродром во Австралија

Катерина Ѓуровски

Момчето кое уби епископ е обвинето за тероризам, oдлучија обвинителите од Сиднеј

Нападот на епископ во црква во Сиднеј е терористички чин оцени полицијата

ВИДЕО: Идентификуван напаѓачот од Сиднеј, уби шестмина и избоде деветмесечно бебе

ФОТО: Полицајката од Сиднеј го совладува напаѓачот

А1он

ВИДЕО: Напад со нож во Сиднеј, еден напаѓач убиен, другиот избегал

А1он