Австралија една недела без заразен од коронавирус

Од:

Во Австралија, штотуку е заокружена првата недела во која немало локален пренос на новиот коронавирус и немало смртни случаи поврзани со Ковид-19, што е првпат од почетокот на пандемијата. Сојузната држава Викторија, која беше жариште на пандемијата, 16-ти ден по ред е без нови случаи на зараза и без смртни случаи.

Премиерот Скот Морисон во петокот рече дека поради ваквата состојба, голем број Австралијци сакаат да се вратат назад, па оттука прозилегува проблем со недостаток на места во просториите наменети за изолација на останатите, како што се илјадниците меѓународни студенти.

Говорејќи за истиот пробем, австралискиот министер за образование рече дека победата на Австралија во борбата против Ковид-19 ја направила земјата ‘жртва на нејзиниот успех’. Министерот нагласи дека во рамките на сегашното ограничување на бројот, правото на приоритет мора да им се даде на Австралијците кои сакаат да се вратат, а потоа на меѓународните студенти. Тој додаде дека од државите и териториите е побарано да изготват план за безбедно враќање на странските студенти.

Странските студенти придонеле за австралиската економија со 35 милијарди австралиски долари, така што градовите како Канбера се надеваат дека полека ќе им дозволат да се вратат следната година.

Во Австралија досега се евидентирани околу 27.700 заразени со Ковид-19, а 907 луѓе починале како резултат на болеста. Австралијците го припишуваат овој успех во борбата против коронавирусот со раното воведување на строги епидемиолошки мерки, кои вклучуваат повеќемесечен карантин на Мелбурн, вториот по население град во земјата. Австралија во март ги затвори своите граници за сите, освен за нејзините граѓани и жители, а оние што влегоа во земјата мораа да поминат две недели во изолација.

Би можело да ве интересира

Момчето кое уби епископ е обвинето за тероризам, oдлучија обвинителите од Сиднеј

Нападот на епископ во црква во Сиднеј е терористички чин оцени полицијата

ВИДЕО: Идентификуван напаѓачот од Сиднеј, уби шестмина и избоде деветмесечно бебе

ФОТО: Полицајката од Сиднеј го совладува напаѓачот

А1он

ВИДЕО: Напад со нож во Сиднеј, еден напаѓач убиен, другиот избегал

А1он

ВИДЕО: Избезумени коали се држат за дрвја за време на сеча