Нобеловката Аунг Сан Су Ќи денеска ги предупреди симпатизерите на сегашната опозиција дека е можно властите да организираат оркестрирани, намерни нереди за време на одржувањето на предизборните митинзи во Мјанмар.
Во поранешна Бурма, која сега е под полувоена управа, на 8 ноември ќе се одржат вторите избори по 50 годишното владеење на воената хунта, која и сега нема намера да се откаже од доминантно влијание во власта.
Аунг Сан е на чело на Националната Лига за демократија, за која се верува дека на изборите убедливо ќе победи, доколку тие бидат регуларни. За овие избори е особено заинтересирана и меѓународната заедница, чии претставници повеќе месеци учествуваат во подготовката на организацијата на изборите.