Асад: Само Сиријците можат да одлучат дали ќе останам на власт

Од:

Сирискиот претседател Башар ал Асад изјави дека само сирискиот народ може да одлучи дали тој ќе остане на власт и изрази подготвеност да замине од функцијата доколку народот така одлучи.

– Сирија е суверена држава. Дали претседателот е добар или лош ќе одлучат Сиријците, а не Европејците, истакна Асад.

Тој, исто така, предупреди дека Холандија ќе го прекрши меѓународното право ако одлучи да ги бомбардира милитантните исламистички цели во Сирија.

Холандија моментно е ангажирана само во бомбардирање на целите на ИД во Ирак, но е под се поголем притисок да преземе акции и во Сирија. Официјалниот став на Амстердам е дека Асад мора да замине, со цел на власт да дојде нова стабилна влада.

– Таа одлука е само на Сирија. Европа нема ништо со тоа. Холанѓаните сигурно не би прифатиле Сирија да им избира премиер, нагласи сирискиот претседател.

Осврнувајќи се на ширењето на тероризмот на Блискиот Исток и во Европа, Асад оцени дека Европа заедно со Турција, Катар и Саудиска Арабија ја претвориле Сирија во земја која е расадник на тероризмот.

Би можело да ве интересира

Сирија собори израелски проектили истрелани кон предградијата на Дамаск

Горан Наумовски

Најмалку пет ракети истрелани од Ирак кон американската воена база во Сирија

ВИДЕО: Експлозија на пазар во Сирија, најмалку седуммина мртви и 30 повредени

Израел нападна сириски град, 38 загинати

ВИДЕО: Израел го нападна Дамаск

Британски специјалци под истрага за воени злосторства во Сирија

Катерина Ѓуровски