Асад не е загрижен околу нацрт резолуцијата на ОН за Сирија

Од:

Сирискиот претседател Башар ал Асад изјави дека „не е загрижен“ околу евентуалното усвојување на резолуција на ОН за Сирија.

Во интервју за кинеската државна телевизија на англиски јазик (ЦЦТВ), Асад изјави дека понудената предлог-резолуција „само покажува оти САД, Франција и Велика Британија се обидуваат да се направат себе си победници во војната со Сирија, која е нивниот имагинарен непријател“.

Според сирискиот претседател, Кина и Русија играат позитивна улога во Советот за безбедност на ОН, неприфакајќи било какво оправдување за воена интервенција против Сирија.

Асад прифати да го предаде целото сириско хемиско оружје по тешкиот инцидент со употребата на сарин во борбите во околината на Дамаск. Во овој инцидент, најголем во последните 25 години, според западните тврдења се убиени околу 1400 лица, а Западот за ова го обвинува само режимот на Асад.

Сирискиот претседател, меѓутоа, за инцидентот ги обвинува бутовничките сили, објаснувајќи дека неговите сили немале потреба да го прават тоа, уште повеќе што инцидентот се случи во време кога во Сирија престојуваа инспекторите на ОН, кои го испитуваа претходниот ваков инцидент кај Алепо.

Русија тврди дека има докази за вмешаноста на бунтовниците во инцидентот, информирајќи ја меѓународната јавност дека испратила докази за тоа до ОН и специјалната комисија.

Американскиот Стејт департмент соопшти дека САД и другите земји-членки на Комисијата за забрана на хемиското оружје, се уште не го виделе извештајот што го испрати владата на Сирија за хемиското оружје.

Би можело да ве интересира

Сирија собори израелски проектили истрелани кон предградијата на Дамаск

Горан Наумовски

Најмалку пет ракети истрелани од Ирак кон американската воена база во Сирија

ВИДЕО: Експлозија на пазар во Сирија, најмалку седуммина мртви и 30 повредени

Израел нападна сириски град, 38 загинати

ВИДЕО: Израел го нападна Дамаск

Британски специјалци под истрага за воени злосторства во Сирија

Катерина Ѓуровски