Армијата во Мјанмар не дозволува критики на нејзините ставови за Уставот

Од:

Воениот суд во Мјанмар го осуди мајорот  Кјан Вин на две години затвор затоа што ја потпишал петицијата во која се бара намалување на улогата на армијата во политичкиот живот во државата.

Пресудата била донесена во петокот, а по денешното објавување сопругата на уапсениот мајор изјави дека по неговото притворање во април годинава не му било дозволено да има легална одбрана.

Во петицијата, која ја подготви Националната лига за демократија, на чије чело е нобеловката за мир Аунг Сан Су Ки, се бараат уставни измени со кои сите граѓани на поранешна Бурма би добиле право да се кандидираат за сите функции во државата.

Армијата во Мјанмар, која раководеше со државата до 2010 година, се уште има пресудна улога во политичкиот живот, а има право и на вето на одлуките на Парламентот.

Би можело да ве интересира

Тајфунот Јаги усмрти најмалку 74 лица во Мјанмар

Воен авион од Мјанмар се излизга од пистата при слетување, има повредени

(ВИДЕО) Одрон во рудник за жад во Мјанмар, загинаа 32 рудари

Амнестија за 7.012 затворенции во Мијанмар по повод одбележувањето на Денот на независноста

А1он

Канада со нови санкции кон Русија, Иран и Мјанмар

А1он

ВИДЕО: Најмалку 80 цивили загинаа во воени воздушни напади за време на концерт во Мјанмар

Ана Ололовска