Мјанмарската Национална лига за демократија ( НЛД ) на Аунг Сан Су Ќи до 1 април треба целосно да ја преземе власта во Мјанмар, но армијата, која по изборите и апсолутната победа на НЛД на изборите лани во ноември вети целосна поддршка, сега не се откажува од тоа да остане важен политички фактор во државата.
Аунг Сан Су Ќи има проблеми од фактот дека 25 отсто од составот на Парламентот се членови делегирани без избори од страна на армијата, која не ги прифаќа досега предложените кандидати за претседател и потпретседател на државата.
Аунг Сан Су Ќи, која се откажа од менувањето на Уставот кој нејзе и забранува да се кандидира за претседател бидејки била сопруга на странски државјанин, имаше нова средба со командантот на армијата, генералот Тин Сан Наинг за кандидатите за претседател на Мјанмар, која завршила неуспешно.
Само кусиот коментар дека преговорите ќе продолжат и денеска може да значи дека ни утре, кога треба да бидат објавени имињата на кандидатите, Аунг Сан Су Ќи, можеби, ќе нема решение.
Армијата на Мјанмар пред пет години формално и ја препушти власта на цивили, но тоа беа само лица кои ги заменија своите униформи.
НЛД на последните избори освои апсолутна победа, но враќањето на демократијата во државата не ќе оди лесно. Еден од советниците на Аунг Сан Су Ќи денеска изјави дека неговата лидерка верувала дека ќе биде во можност да соработува со армијата, но дека по средбите со командантот Нинг биле разбиени нејзините оптимистички надежи.